ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА “ВО ЕВРОПА ДОЈДИ, СО СКУТЕР ВО АВАНТУРА ПОЈДИ!”

 

  1. Назив и седиште на трговското друштво кое е организатор на наградната игра
  • Организаторот на наградната игра ,,Во Европа дојди, со скутер во авантура појди! е Акционерско друштво фабрика за чоколади,вафли и бонбони Европа – Скопје, со седиште на улица 808, бр.8, 1000 Скопје;
  1. Производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
  • Наградната игра се организира за рекламирање на производите на АД Европа Скопје, само во продажните објекти на АД Европа Скопје;
  1. Име, опис и времетраење на наградната игра
  • Официјалното име на наградната игра е „Во Европа дојди, со скутер во авантура појди!“;
  • „ Во Европа дојди, со скутер во авантура појди “ е наградна игра организирана за да ги награди своите потрошувачи кои со направена сметка во вредност од минимум 1.000 денари за купени производи од брендот АД ЕВРОПА Скопје само во продажните места на АД Европа Скопје, ќе треба да пополнат образец со своите податоци име и презиме, кодот на фискална сметка, датум и часот од фискалната сметка, да ја чуваат фискалната сметка во оригинал и неоштетена и пополнетите образци да ги остават во специјално означени кутии во продажните места на АД ЕВРОПА Скопје;
  • Натпреварувачите ќе имаат можност да добијат некоја од следните награди:

скутери, ел.тротинети, телевизори, лап топ-и, хотелски сместувања за двајца во Охрид, вредносни ваучери со вредност од 3.000,00 денари и 5.000,00 денари;

  • Наградната игра започнува на 15 Мај 2024 година со почеток во 00:01 часот и ќе трае до 02 Септември 2024 година до 00:00 часот;
  • Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, организаторот АД Европа Скопје ќе ги објави на официјалната веб-страница на АД Европа, www.evropa.com.mk, но и во продажните објекти вклучени во наградната игра, пред започнување на истата а по добивање на согласност од Министерство за финансии.
  1. Територија
  • Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија за сите полнолетни жители, државјани на Република Северна Македонија.
  1. Рекламирање
  • Наградната игра ќе се рекламира во електронските портали и социјални медиуми.
  1. Награден фонд

Наградната игра располага со фонд на награди од вкупно 8 производи. Вкупниот максимален награден фонд за целото времетраење на наградната игра изнесува 950.244,00 денари со ДДВ. Наградите кои ќе ги доделуваме се:

награди табела

 

*Вредностите во табелата се искажани во денари

 

*Одговорноста за исправноста на доделените производи како и за нивната гаранција паѓа на товар на добавувачот. Трошоците за регистрација и сите други давачки поврзани со пренос на сопственост на скутерите на име на добитниците паѓаат на товар на добитниците.

Количините на награди од Наградната игра се дефинирани како по погоре прикажаната табела и без претходна согласност од Министерство за финансии нема да бидат доделени повеќе награди. Нема да има можност за замена на награди со други парични награди или други типови награди од иста вредност.

 

*Добитниците на вредносен ваучер ќе можат истиот да го искористат во било кој малопродажен објект на АД Европа Скопје само за купување производи од асортиманот на АД Европа Скопје. Рокот за искористување на ваучерот е 30 (триесет) дена од подигање на истиот. Ваучерот мора да се искористи еднократно и не може да се замени за пари или друга противвредност. Доплата над износот наведен во ваучерот ќе биде овозможена, додека за разликата од неискористениот износ од ваучерот нема да има можност за поврат во пари. Наградниот фонд е обезбеден од страна на организаторот на наградната игра.

 

  1. Услови за учество во наградната игра

Во наградната игра, право на учество имаат само полнолетните потрошувачи на производите на АД Европа Скопје кои:

  • Купиле производи на АД Европа Скопје во продажните објекти на АД Европа Скопје во вредност од минимум 1.000 денари,
  • Рачно пополниле формулар со своите податоци, кодот, датумот и часот од фискалната сметка со која ги купиле производите на АД Европа и формуларот го оставиле во специјално означената кутија за оваа наградна игра во продажните објекти на АД Европа Скопје;
  • Веќе извлечените фискални сметки во некое од коло извлекувањата кои добиле награда, нема да имаат можност да учествуваат во наредните извлекувања односно ќе бидат дисквалификувани,
  • Секој учесник во наградната игра кој ги исполнува условите за учество ќе може со една фискална сметка во износ од 1.000 денари и повеќе, да добие и пополни само еден формулар,
  • Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои за времетраењето на наградната игра се вработени во АД Европа Скопје или во ЗТД Европак 2012 ДОО Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства.

Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица наградата нема да се додели.

Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени кај организаторот.

Со пријава за учество во наградната игра учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите од овие правила и се согласни со истите.

 

  1. Извлекување на добитниците на наградната игра
  • Право на учество ќе имаат оние учесници кои оставиле пополнет формулар во специјално означена кутија во продажните места на АД ЕВРОПА Скопје до последниот ден пред секое извлекување.
  • Извлекувањата ќе се вршат со следниот распоред:
  • Првото извлекување ќе се одржи на ден 26.06.2024 година во 12:00 часот пред продавницата на АД ЕВРОПА Скопје со седиште на ул.808 бр.8 во Скопје. Во првото извлекување на наградите, право на учество ќе имаат само фискалните сметки издадени од 15.05.2024 година до 24.06.2024 година.
  • Второто извлекување ќе се одржи на ден 07.08.2024 година во 12:00 часот пред продавницата на АД ЕВРОПА Скопје со седиште на ул.808 бр.8 во Скопје. Во второто извлекување на наградите, право на учество ќе имаат само фискалните сметки издадени од 25.06.2024 година до 05.08.2024 година и
  • Третото извлекување ќе се одржи на 04.09.2024 година во 12:00 часот пред продавницата на АД ЕВРОПА Скопје со седиште на ул.808 бр.8 во Скопје. Во третото извлекување на наградите, право на учество ќе имаат само фискалните сметки издадени од 06.08.2024 година до 02.09.2024 година.
  • НАПОМЕНА - Недобитните формулари од првото извлекување немаат право на учество во второто и трето извлекување, како и недобитните формулари од второто извлекување немаат право на учество во трето извлекување.
  • Извлекувањето на наградите ќе се спроведе мануелно и јавно во присуство на три члена комисија избрана од страна на организаторот на наградната игра.
  1. Објавување на резултатите од наградната игра
  • Резултатите и снимениот материјал од извлекувањето ќе бидат објавени на веб-страната на АД Европа Скопје www.evropa.com.mk, на профилите на АД Европа Скопје на социјалните мрежи, во рок од 3 (три ) дена од извлекувањето.
  • Добитниците на наградите ќе биде известени преку апликацијата за комуникација „Вибер“ или со помош на СМС порака, согласно доставените податоци во формуларот за учество (организаторот не презема одговорност за погрешно доставени податоци);
  1. Доделување на наградите
  • Наградите ќе бидат доделени во рок од 15 дена од објавување на добитниците;
  • Наградата не може да се пренесе на друго лице. Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет;
  • Добитниците на награди истите ќе може да ги подигнат од седиштето на АД Европа Скопје, на адреса улица 808, бр.8, 1000 Скопје со приложување на документ за идентификација и добитната фискална сметка во оригинал;
  1. Известување и подигање на наградите
  • Добитниците на наградите се должни во рок од 15 дена да ја подигнат наградата. Добитниците, наградите ќе ги подигнуваат од седиштето на организаторот - АД Европа Скопје со валиден документ за идентификација и добитната фискална сметка (неоштетена и во оригинал) со која добитниците ги купиле производите на АД Европа Скопје;
  • Доколку добитникот не ја сочувал добитната фискална сметка во оригинал, истиот ќе биде дисквалификуван и наградата нема да се додели и истата ќе се префрли во фондот на награди за наредното извлекување;
  • Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице кое ќе го стори тоа во негово име со нотарски заверено полномошно, со приложување на потребните документи за идентификација и приложена фискалната сметка (неоштетена и во оригинал) од купените производи на АД Европа која добитникот ја навел во извлечениот формулар;
  • Доколку во рок од 15 дена добитникот не ја подигне наградата, наградата станува неважечка и добитникот нема право да ја подигне истата бидејќи ќе биде префрлена за наредното извлекување;
  • Доколку добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за истото да го писмено извести Организаторот – АД Европа Скопје.
  1. Право на приговор
  • Незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор во писмена форма во рок од 3 (три) дена од објавување на добитниците на наградите до адресата на организаторот, а организаторот писмено ќе одговори на приговорот во рок од 8 дена од денот на прием.
  • Евентуално недоразбирање ќе се решава во духот на добрите обичаи и спогодбено, во спротивно надлежен е Основен граѓански суд Скопје со примена на важечките закони на Р.С.Македонија.

13.Одговорност

  • Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот – АД Европа Скопје;
  • Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на АД Европа Скопје спрема добитниците;
  • Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата;
  • Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
  • Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени.
  • Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
  • Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорен.

14.Прекинување на наградната игра

  • Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот – АД Европа Скопје да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја по добиена согласност од Министерството за финансии;
  • Во овој случај, Организаторот – АД Европа Скопје да треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, истото ќе го направи преку соопштение на социјалните медиуми.

15.Одобрение за обработка на лични податоци

  • Со пополнување на формуларот за учество, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци на организаторот и тоа: име и презиме, телефонски број, како и личната карта на увид. Организаторот – АД Европа Скопје ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.  Личните податоци од добитникот се бараат заради проверка на правото за учество во наградната игра. Вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра.
  • Личните податоци на учесниците нема да се користат за други цели, освен со изрична согласност на учесникот, која учесникот може да ја даде на Организаторот – АД Европа Скопје.
  • За сите лица, кои ќе бидат вклучени во процесот на прибирање и обработка на личните податоци, ќе се обезбедат потпишани овластувања за работа со лични податоци и изјава за заштита на лични податоци.
  • Организаторот – АД Европа Скопје се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра;
  • Личните податоци на учесниците во наградната игра ќе се користат само во согласност со Законот за заштита на лични податоци;
  • За учество во јавни настапи на организаторот на наградната игра кои се од промотивен карактер во врска со објавување на добитниците и врачување на наградите, потребна е дополнителна согласност од секој добитник. За ваквото учество добитниците немаат право на дополнителен надоместок.

16.Задолжителни права

  • Сите учесници се обврзани со правилата на наградната игра „Во Европа дојди, со скутер во авантура појди!“. Сите заинтересирани можат да добијат копија од правилата на наградната игра од Организаторот;
  • За дополнителни информации учесниците можат да се јават на телефонскиот број 02 3 114 774 во АД Европа Скопје, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, во периодот од 15.05.2024 година  до 02.09.2024 година;
  • Правилата на наградната игра со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат јавно објавени на веб-порталот на АД Европа Скопје www.evropa.com.mk, во продажните објекти на АД Европа, по добивање на согласност од Министерство за финансии на РСМ а пред почетокот на наградната игра.

17.Завршни одредби

  • Со исполнување на правилата за учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила се задолжителни за учесниците и истите ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.