Општествена одговорност

Oпштествена одговорност и енергетска ефикасност

„Европа“ е компанија ориентирана кон вредности и затоа сметаме дека наша должност е да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме. Со цел да придонесеме кон одржливоста на општествениот развој, активно соработуваме со нашите вработени, локалната заедница и општеството воопшто, заради овозможување на што поквалитетен живот за сите.

Етичко управување

Етиката претставува врвен приоритет во нашата компанија. При примената на деловните активности „Европа“ се залага за инкорпорирање на принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, почитување на интересите на сите засегнати страни како и почитување на законите и на правилниците при донесувањето и спроведувањето на одлуките.

Вложување во заедницата

Како општествено одговорна компанија, „Европа“ секогаш се труди да одговори на  барањата за хуманитарни акции и спонзорства, за што има добиено и голем број  признаниjа и благодарници. Со тоа „Европа“ останува верна на имиџот кој го гради како компанија што верува во моралните вредности и се труди да ги поттикне во согласност со своите можности.

Фокусирани сме кон нашите потрошувачи и нивната безбедност, а негувајќи ги квалитетот и контролата успешно ги имплементиравме и сертифициравме системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), IFS (International Featured Standard – Food) стандардот за контрола и безбедност на брендираните прехранбени производи, како и деловното работење со согласност со SMETA методологијата (Sedex Membership Ethical Trade Audit), што подразбира грижа и почитување на правата на вработените, на здравјето и безбедноста, на животната средина и на деловната етика.

„Европа“ соработува со голем број факултети меѓу кои со Технолошкиот факултет, Машинскиот факултет и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ја овозможува и поддржува практичната настава на студентите во рамките на фабриката, при што тие можат да се стекнат со практични знаења во врска со нивните студиски програми. Од друга страна „Европа“ активно учествува и во проектите за модернизација на средното стручно образование, како и во изработката на наставните програми за насоката „Прехранбен техничар“.

Животна средина

„Европа“ не само што произведува безбедни производи за своите потрошувачи, туку во своето работење се залага и за заштита на животната средина.

Со воведувањето на гасификацијата во Македонија, „Европа“, своите главни потрошувачи на топлина (печките за печење и парните котли) ги адаптираше за работа на гас. Од 2013 година сме и дел од проектот „Енергетска ефикасност“ со чие реализирање значително ги намаливме трошоците за енергија и потрошувачката на природен гас со што активно придонесуваме за заштита на животната средина.

За намалување на негативното влијание врз животната средина и поодговорен однос кон амбалажниот отпад, „Европа“ користи еколошка амбалажа која се рециклира, а со нашиот отпад од пакувањето менаџираaт компании кои поседуваат дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи.

Односи на пазарот

„Европа“ негува долгорочни и стабилни односи со своите акционери, добавувачи, соработници и организации, придржувајќи се кон стандардите на корпоративната општествена одговорност, со цел остварување на позитивни резултати.