2018Добиен е статус за овластен економски оператор, што значи дека имателот на уверението ОЕО ги задоволува предвидените законски критериуми и се смета за безбеден и сигурен партнер во трговскиот синџир на снабдување.
2018Освоено е I место во категоријата „Вафли“ – QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019
2017Добиено е признание за „Компанија со најпозитивен имиџ“ помеѓу студентите – STUBRAND
2016Освоено е I место во категориите „Бонбони & вафли“ – QUDAL – QUality meDAL Macedonia General I & III 2016/2017
2015Освоено е I место во категоријата „Бонбони“ – Best Buy Award Macedonia General II 2015/2016.
2011Добиено е признанието “Superbrands 2011/12“, како потврда за квалитетот на производите.
2009Сертифициран и имплементиран е системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), систем за управување со квалитет, контролирање и менаџирање со опасностите и безбедноста на храната.
2009Добиено е признание “Superbrands 2009“, како потврда за квалитетот на производите
2004Успешно е сертифициран и имплементиран HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) системот за анализа на опасности и критични контролни точки.
1995Фабриката е регистрирана како акционерско друштво.
1991Постигнато е најголемо производство од 8.893 тони и продажба од 9.154 тони.
1975На пазарот е пуштен нов производ „крем банана“, по кој и денес е препознатлива нашата фабрика.
1973Oтворен е нов погон за производство на пенести производи, фондан десерти и бар штангли.
1963Изградени се нови производни простории и започнува набавка на нова опрема за производство на карамели, бонбони и чоколадни производи.
1952Фабриката е преместена на нова локација со што започнува и побрзиот развој на фабриката. „Европа“ и денес се наоѓа на оваа локација.
1935„Европа“ започнува со производство на бисквити, вафли и карамели.
1934„Eвропа“ започнува со производство на чоколада.
1882„Европа“ е основана од страна на Теохар Икономов, како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и други производи од шеќер. Во тоа време опремата во работилницата е многу скромна – неколку бакарни казани за производство на смеса за бонбони и варење локум, со капацитет од 250 кг и само пет вработени на работна површина од 150 м².