За нас

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години

Веројатно е доволно да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаете дека станува збор за „Европа“.

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

„Европа“ своите почетоци ги прави како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика оттогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.

„Европа“ е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и современите трендови во кондиторската индустрија, што е повод за ребрендирање на голем број производи и поттик за создавање нови. Постојано се работи на нови и редизајнирање на веќе постоечките амбалажи.

Во последно време сме насочени кон вложување во модерни машини за производство и пакување со цел следење на трендовите во пакувањата на производите на европскиот пазар. Уште многу одамна наша цел претставува довербата на нашите потрошувачи и на заедничко  задоволство тоа никогаш да не се промени.

Уживајте во вкусот кој ги преминува границите и ги надминува вашите очекувања.

Европа – Фабрика за задоволства