Работењето на „Европа“ е фокусирано кон нашите потрошувачи и кон нивните желби, а за остварување на таа цел секогаш ги негуваме квалитетот, безбедноста и контролата.
Покрај вложувањата во инфраструктурата, во последните 10 години „Европа“ направи големи вложувања и напори за имплементирање на светските стандарди кои гарантираат безбеден и квалитетен производ.
Уште во 2003 година, „Европа“, како една од првите компании во Македонија, започна со имплементација на HACCP стандардот, а потврда за неговата успешна имплементација е сертификацијата во 2004 година. Оттогаш па сè досега се редат уште многу успеси како показател и потврда за континуираното подобрување на компанијата.
Во 2009 година е сертифициран и имплементиран системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), кој ги интегрира системот за управување со квалитетот HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point), предусловните програми за контрола и намалување на сите опасности по безбедноста на храната на прифатливо ниво и стандардот ISO 9001:2008. Оттогаш па досега се извршени уште три ресертификации, а последната во 2018 година, од страна на акредитираната сертификацискa куќа TUV Австрија, е уште еден показател за континуираното подобрување.
Со воведувањето на системот ISO 22000:2005 во „Европа“ се овозможи производство на безбедни кондиторски производи, постојано одржување на санитарно-хигиенската заштита на производите, континуирана едукација на вработените, вложување во знаење, нова технологија и развој и следење на светските трендови во кондиторската индустрија. Системот придава големо значење на водењето на процесот од набавка на суровините сè до крајниот потрошувач.
Како и во претходните два случаи при имплементација на HACCP и ISO 22000:2005 стандардот, така и сега, ние сме една од првите прехранбени индустрии во Македонија кои извршија имплементација и сертификација на IFS (International Featured Standard – Food) стандардот во 2013 година и оттогаш па досега овој сертификат редовно се обновува секоја година.
IFS стандардот претставува приватен стандард за контрола и безбедност на брендираните прехранбени производи, со крајна цел да овозможи проценка на системот за квалитет и безбедност на храната на добавувачите на сите членки на германското здружение на трговци и на сите останати трговци кои имаат потреба од овој стандард.
Сето ова го работевме, го работиме и ќе го работиме за вас почитувани потрошувачи, за да уживате во квалитетни, вкусни и безбедни производи од нашата компанија.
Со почит,
Сектор за контрола на квалитет.