Политика за квалитет и безбедност на храната

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

Цврста определба на „ЕВРОПА“ АД е доследно да ја спроведува политиката за квалитет и безбедност на храната.

Основни принципи на политиката за квалитет:

  • Најголем приоритет во работењето е квалитетот на дадените производи и услуги;
  • Ориентираност кон купувачите заради исполнување на нивните барањa;
  • Флексибилност во работењето;
  • Конкурентни цени;
  • Клима за соработка со сите вработени, за доверба и припадност кон компанијата;
  • Креирање добри односи со добавувачите за квалитетно добавување на суровините;
  • Континуиран развој на производството со целосна одговорност кон општеството;
  • Водење грижа за заштита на животната средина;
  • Одговорност на раководството на сите нивоа.

Основни принципи на политиката за безбедност на храната:

  • Производство на безбедни кондиторски производи;
  • Постојано унапредување на добрата хигиенска практика;
  • Постојано зголемување на задоволството на потрошувачите;
  • Развиена свест кај секој вработен за безбедност на производите;
  • Постојана едукација на вработените;
  • Партнерски однос со добавувачите и потрошувачите;
  • Целосно следење, контрола и управување со процесите;
  • Вложување во знаење, нова технологија и развој;
  • Следење на светските трендови во производство на кондиторски производи.

Скопје, 20.9.2017 година
Марика Караџова
Генерален директор
АД „ЕВРОПА“