Производството на „Европа“ се одвива во три сектори:
Сектор за какао производи, десерти и локум
Во овој сектор се произведуваат: млечни и темни (со 53% и 75% какао) чоколади со и без додатоци, бела чоколада со додатоци, полнети чоколади (со лешник крем, бадем крем, млечен крем), какао крем производи, чоколадни десерти, бонбониери, пенести производи прелиени со чоколада како крем банани, мини крем банани, мињони, фондант производи прелиени со чоколада (со различни вкусови и пакувања), гумени и желе бонбони, локум, локум со додатоци (ореви, кокос), чоколадиран локум.
Сектор за бонбонски производи
Во овој сектор се произведуваат: филувани бонбони со разни ароми, тврди бонбони, млечни карамели, лешник, кокос и овошни карамели, бастуми со разни ароми и желе.
Сектор за брашнено кондиторски производи
Во овој сектор се произведуваат: вафел производи со млечен и какао крем, крем од лешници, кафе крем, вафли со овошен вкус како и вафли прелиени со чоколада и какао прелив.