Мисија, Визија, Вредности

ВИЗИЈА

Нашата ВИЗИЈА е да создадеме слатки спомени за нашите ценети купувачи ширум светот, споделувајќи љубов, позитивност и предизвикувајќи насмевки на нивните лица.

МИСИЈА

Нашата МИСИЈА е да продолжиме да ги инспирираме и задоволиме сите трагачи на задоволства, како што тоа го правиме уште од 1882 година.

Се стремиме кон постојано подновување и понуда на најширок спектар на вкусови, истовремено грижејќи се нашиот тим да биде среќен и високо мотивиран, секогаш следејќи ги трендовите и желбите на нашите најценети членови на семејството – потрошувачите.

ВРЕДНОСТИ  

Интегритет – Постапувајќи со чест, искреност и транспарентност, во нашата работа се водиме од највисоките стандарди на етичкото деловно однесување.

Професионализам – Квалитетот е на прво место во секој аспект на нашето работење. Тоа значи дека секогаш сме иновативни во нашата понуда, постојано инвестираме во модернизацијата за да бидеме во чекор со најновите трендови на пазарот.

Тимска работа – Ја нагласуваме вредноста на тимската работа, охрабрувајќи ги нашите вработени за подобрување на соработката, на меѓусебното разбирање и заедничкото работење во прилог на остварување на заедничките цели. Ние веруваме дека тимската работа е она што ги претвора добрите компании во одлични.

Упорност – Ги надминуваме предизвиците повеќе од 135 години, сплотени заедно како семејство да чекориме гордо и со доверба.

Посветеност – Секоја креација на нашите талентирани и посветени вработени е создадена со љубов и совршенство во секој чекор од работниот процес.