Врз основа на член 27 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 383, 384, 387 и 388 од Законот за трговските друштва, Одборот на директори на АД ЕВРОПА Скопје објавува
П О В И К
до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.
Собранието ќе се одржи на 6 мај 2019 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.
За Годишното Собрание на акционери на друштвото се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
l Процедурален дел:
1.Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери ;
2. Избор на Претседавач на Собранието ;
3. Избор на записничар (записникот ќе го води нотар) ;
4.Усвојување на Дневен ред;
ll Работен дел:
5. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 30.4.2018 година.
[прилог: Записник]
[прилог: Извештај]
[прилог: Извештај]
8. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2018 година.
[прилог: Годишна сметка]
[прилог: Консолидирана годишна сметка]
[прилог: Извештај]
11. Предлог Одлука за распределба-употреба на добивката.
12. Предлог Одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда.
[прилог: Извештај]
[прилог: Извештај]
16. Назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2019 година.
17. Предлог одлука за избор на член на Одбор на директори
Предлог одлука за избор на член на Одбор на директори
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8 Скопје.
Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.
Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД.
Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Одборот на директори на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.
Акционерите можат да поставуваат прашања до друштвото за точките од дневниот ред во рок од 8 дена од денот на објавувањето.
Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во просториите на седиштето на друштвото од 12 до 14 чaсот. како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk
Документи:
Пријава за учество во Собрание
Вклучување на нови точки во дневниот ред
Полномошно за гласање по сопствена определба
Известување за дадено полномошно
Вкупен број на акции во АД ЕВРОПА Скопје
Резултати од гласање на Собрание на акционери 6 мај 2019
Одбор на директори на
АД ЕВРОПА Скопје