АД Европа Скопје е прва македонска производствена компанија која го доби одобрението за овластен економски оператор за сигурност и безбедност (ОЕО – С), кој преставува нов тренд во ЕУ и ЦЕФТА регионот.
Сертификатот за овластен економски оператор е меѓународно признаен сертификат, инвестиција на самата компанијата која се јавува како: увозник, производител, извозник и доказ дека компанијата силно работела на подигнување на нивото на конкурентност.
Имателот на ОЕО - С е меѓународно признат економски оператор кој ги има превземено сите потребни мерки за заштита на своето работење и со тоа е сигурен учесник во меѓународниот трговски синџир на снабдување како од државните така и од деловните партнери.
Листата на овластени економски оператори може да ја погледнете на следниот линк.