АД ЕВРОПА е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.
Работењето на "ЕВРОПА" е фокусирано на нашите потрошувачи и нивните желби, а за да ги отствариме секогаш ги негуваме квалитетот, безбедноста и контролата.
Во последните 10 години "ЕВРОПА" покрај вложувањата во инфраструктурата направи големи вложувања и напори за имплементирање на светските стандарди кои гарантираат безбеден и квалитетен производ. Исто така имаме усвоено и имплементирано повеќе Кодекси за деловна етика и регулирања на взаемните обврски и одговорности, како и професионално однесување на работниците и менаџментот.
Како и секоја година така и оваа продолжуваме да работиме според SEDEX стандардот за етичко работење.
КОДЕКС ЗА ЕТИЧКО РАБОТЕЊЕ




ПОЛИТИКА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА




