АД Европа го претстави брендот „1882“: премиум чоколадо со врвни состојки!

АД Европа го претстави брендот „1882“: премиум чоколадо со врвни состојки!

 

Уште од почетокот на нејзиното постоење, фабриката за задоволства „Европа“ ги одбира најдобрите состојки за да создаде квалитетни и слатки производи за потрошувачите. Овојпат, преку новиот бренд „1882“ чие име ја симболизира годината на основање на фабриката, „Европа“ претставува чоколада со премиум вкус која ќе го прошири асортиманот на вкусни уживања со уште едно врвно задоволство!

 

 

 

Кога и да се спомене името „Европа“, тоа секогаш асоцира на квалитет, долговечност и традиција, вредности кои ја освоија довербата на купувачите уште многу одамна, а до ден денес претставуваат основа на која компанијата и понатаму го гради својот бренд. Она што постојано ја турка напред „Европа“ е големата желба за иновација и воведување највисоки технолошки стандарди, како и за промовирање нови вкусови, што доведе до создавање на „1882“ - чоколада која ќе ви ги разбуди сензорните рецептори и ќе направи да уживате во секоја наредна коцка.

 

Под новиот бренд „1882“, „Европа“ претставува четири ексклузивни вкусови на чоколада: темна со брусница, темна со бадем, млечна со лешник, млечна микс (со лешник, бадем, суво грозје). Секоја од нив доаѓа во модерно пакување од 150 гр., со цел да има доволно чоколада за да ја поделите со најблиските. Ако силата на една компанија е во нејзините производи, тогаш силата на една чоколада е во нејзините состојки! „Европа“ и овојпат ги одбра најквалитетните состојки (бадем, лешник, брусница) за да создаде производ кој ќе го потенцира нејзиниот статус, но и ќе потсети на вредностите кои ги негува оваа компанија.

 

Уште од 1882 година, „Европа“ на овие простори е симбол за силен и интензивен вкус, за производи кои ја разубавуваат секоја семејна прослава, секој пријателски собир, кои се идеални за подарок, а кои додаваат неодолив вкус на секој наш среќен момент. Ова чоколадо со премиум квалитет го одликува современиот дизајн на амбалажата, чија задна страна ја краси нацртот на првата продавница на „Европа“ отворена во Старата скопска чаршија, додека на предната страна е испишана годината на нејзиното основање. Самото пакување, кое е направено од 100% рециклирачки материјал, на некој начин ја опишува и долгорочната стратегија на компанијата, која се залага за чиста, здрава и одржлива животна средина преку правилно одложување и рециклирање на амбалажите на нивните производи.

 

Во новиот бренд на чоколади „1882“ се споени квалитетот, искуството, историјата и иднината, сите на едно место со цел да се направи еден премиум производ на кој компанијата „Европа“ може да биде горда. Мислејќи на минатото, а со поглед кон иднинатата, таа продолжува да пронаоѓа и создава новитети во своето производно портфолио, така заслужувајќи го своето место помеѓу најуспешните компании во земјата. „1882“ ја раскажува слатката приказна на „Европа“ од која дел се и сите оние купувачи кои низ годините испишуваат слатки поглавја со производите на оваа компанија.

 

Чоколадите „1882“ се достапни во сите специјализирани продавници на „Европа“ како и во сите продажни места низ државата.