АД Европа Скопје е прва македонска производствена компанија која го доби одобрението за овластен економски оператор за сигурност и безбедност (ОЕО – С), кој преставува нов тренд во ЕУ и ЦЕФТА регионот.
Овие празници Европа и Сковин ти даваат причина повеќе да подаруваш!
Започнува нашата голема наградна игра во која сите кои споделуваат слатки задоволства и вино со саканите ги чекаат супер изненадувања!
П О В И К до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.Собранието ќе се одржи на 30 април 2018 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници нашата фабрика се вклучи во повеќе хуманитарни акции за донација на пакетчиња, со цел разубавување на празниците на оние на кои помошта им е најпотребна.
АД Европа е избрана од страна на студентите како една од компаниите со најпозитивен имиџ. Во третото по ред официјално меѓународно истражување на STUBRAND во Република Македонија, со кое се мери имиџот на брендовите кај студентската популација, нашата компанија ужива позитивен имиџ од 92% од испитаниците во категоријата „Десерти/Компании“ и со тоа го освои најпрестижниот меѓународен сертификат - PREMIUM STUBRAND 2017 директно доделен од студентите.
П О В И К до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје. Собранието ќе се одржи на 29 мај 2017 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.
АД Европа Скопје освои најголем број гласови во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General I 2016/2017 спроведено во Република Македонија во март, 2016 година.
П О В И К до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.
Собранието ќе се одржи на 26 мај 2016 година (четврток) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.
Нашата компанија го освои првото место, QUDAL златен медал, во уште една категорија од својот асортиман на производи - “Вафли“, во истражувањето спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS.
АД Европа Скопје и оваа година беше присутна на меѓународниот саем за кондиторски производи (ISM – International Sweets and Biscuits Fair) кој се одржа во Келн, Германија во периодот од 31 јануари до 03 февруари 2016.