Акционерско друштво фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје, известува дека поради техничка грешка во сметање на рокот на одржување на годишно собрание на акционери, годишното собрание ќе се одржи повторно. Одлуките донесени на годишното собрание на акционери одржано на ден 15.05.2024 година се укинуваат. Друштвото дополнително ќе објави датум за свикување на годишно собрание на акционери со јавен повик, предлог одлуки и материјали.
Акционерско друштво
фабрика за чоколади, вафли и бонбони
ЕВРОПА Скопје