Со особено задоволство Ве информираме дека нашата компанија доби најмногу гласови од учесниците во истражувањето за Best Buy Award General II 2015/2016 година во Македонија во категоријата “Бонбони“ за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.
“Best Buy Award” претставува сертификат, медал и воспоставен истражувачки метод кој на потрошувачите им гарантира дека купуваат производи со највисок квалитет по најдобра цена.
Истражувањето за “Best Buy Award” го изврши швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com), преку веб-анкета во мај 2015 година на репрезентативен примерок од 1200 испитаници - граѓани на Македонија, со методата CAWI – DEEPMA (Computer Assisted Web Interviewing – Deep Mind Awareness).
Ова истражување го мери искуството, мислењето и перцепцијата на потрошувачите во Македонија кои нудат најдобра вредност за дадените пари, а ние го добивме првото место за овој критериум во категоријата “Бонбони“.
Дигитилниот сертификат е достапен на следниот линк.
Digital certificate is available at the following link.