Нашата слатка историја низ годините

2018

Добиен е статус за овластен економски оператор, што значи дека имателот на уверението ОЕО ги задоволува предвидените законски критериуми и се смета за безбеден и сигурен партнер во трговскиот синџир на снабдување.

2018

Освоено е I место во категоријата „Вафли“ – QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019

2017

Добиено е признание за „Компанија со најпозитивен имиџ“ помеѓу студентите – STUBRAND

2016

Освоено е I место во категориите „Бонбони & вафли“ – QUDAL – QUality meDAL Macedonia General I & III 2016/2017

2015

Освоено е I место во категоријата „Бонбони“ – Best Buy Award Macedonia General II 2015/2016.

2011

Добиено е признанието “Superbrands 2011/12“, како потврда за квалитетот на производите.

2009

Сертифициран и имплементиран е системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), систем за управување со квалитет, контролирање и менаџирање со опасностите и безбедноста на храната.

2009

Добиено е признание “Superbrands 2009“, како потврда за квалитетот на производите

2004

Успешно е сертифициран и имплементиран HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) системот за анализа на опасности и критични контролни точки.

1995

Фабриката е регистрирана како акционерско друштво.

1991

Постигнато е најголемо производство од 8.893 тони и продажба од 9.154 тони.

1975

На пазарот е пуштен нов производ „крем банана“, по кој и денес е препознатлива нашата фабрика.

1973

Oтворен е нов погон за производство на пенести производи, фондан десерти и бар штангли.

1963

Изградени се нови производни простории и започнува набавка на нова опрема за производство на карамели, бонбони и чоколадни производи.

1952

Фабриката е преместена на нова локација со што започнува и побрзиот развој на фабриката. „Европа“ и денес се наоѓа на оваа локација.

1935

„Европа“ започнува со производство на бисквити, вафли и карамели.

1934

„Eвропа“ започнува со производство на чоколада.

1882

„Европа“ е основана од страна на Теохар Икономов, како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и други производи од шеќер. Во тоа време опремата во работилницата е многу скромна – неколку бакарни казани за производство на смеса за бонбони и варење локум, со капацитет од 250 кг и само пет вработени на работна површина од 150 м².

Интересни факти

Вкупното годишно производство изнесува околу 5.000 тона
Во производство се користат исклучиво природни бои.
Единствени сме на Балканот во произведство на бастуми и дневното производство изнесува 120.000 парчиња, а вкупниот капацитет - 200т годишно.
Легендата за бастумчињата вели дека формата на бастумчето ја симболизира првата буква “Ј“ од името на Јesus (Исус), белата основа ја симболизира безгрешноста и невиноста на неговиот живот, а црвените шари на бастумчето ја симболизираат крвта при неговото распнување...Затоа бастумчињата се многу популарни и се продаваат за време на Божик (особено во католичките земји)... Се верува и дека некогаш бастумчето било скриен симбол на Христијанството...
“Европа“ е најстара фабрика за кондиторски производи на Балканот.
Нашата Бела Мента е меѓу најпродаваните бонбони во Србија.
Сè до 1952 година “Европа“ била сместена до сегашната уметничка галерија Даут-Пашин Амам, во центарот на Скопје.
На дневно ниво се произведуваат 350.000 парчиња крем банани, 770.000 парчиња бонбони, 260.000 парчиња карамели и 4 тона вафли.
“Европа“ извезува во вкупно 26 земји, најзастапена е на српскиот, хрватскиот, босанскиот, косовскиот пазар, а потоа и во уште неколку земји во Европската унија, како и во Австралија и во САД.

Како се прави Крем банана

Производство на чоколадни вафли

Како се прави Зелена мента

Контакт

АД Европа Скопје

Ул. “808” бр. 8, 1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: 02 3 114 066
e-mail: evropa@evropa.com.mk

Продавници

  • Гази Баба - во склоп на фабриката АД Европа Скопје
  • Скопје Сити Мол - приземје - Карпош, Скопје
  • ГТЦ - приземје - Населба Центар, Скопје
  • Стопанска комора - Населба Центар, Скопје
  • Турска чаршија - Бит Пазар, Скопје
  • Ристиќева Палата - Плоштад - Центар, Скопје
  • Рампа - Населба Кисела Вода, Скопје
  • TЦ Лептокарија - Населба Карпош, Скопје
  • Населба Ѓорче Петров, Скопје
  • ТЦ Бисер - Населба Аеродром, Скопје
  • Струмица
  • Населба Бутел, Скопје
  • Куманово
  • Дебар Маало - Населба Центар, Скопје
  • Ист Гејт Мол - прв спрат, К1.К16 - Населба Гази Баба, Скопје
  • Гевгелија
  • Зебра Мол - Населба Капиштец, Скопје
  • Населба Синѓелич - Скопје
  • Ул.Македонија - Центар, Скопје
  • Штип
  • Палма Мол Тетово
  • Населба Чаир, Скопје