Повик за собрание на акционери 2024

Врз основа на член 27 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 383, 384, 387 и 388 од Законот за трговските друштва, Одборот на директори на АД ЕВРОПА Скопје објавува

 

П О В И К

до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.

Собранието ќе се одржи на 15.05.2024 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.

 

За Годишното Собрание на акционери на друштвото се предлага следниот

 

ДНЕВЕН РЕД

 

l Процедурален дел:

1. Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери ;

2. Избор на Претседавач на Собранието;

3. Избор на записничар (записникот ќе го води нотар) ;

4.Усвојување на Дневен ред;

 

ll Работен дел:

1. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 12 мај 2023 година.

[прилог: Записник]

2. Разгледување и усвојување на Ревидираните финансиски извештаи на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2023 година изработени од страна на овластено друштво за ревизија ПЕЦЕВ РЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје.

[прилог: Извештај]

3. Разгледување и усвојување на Ревидираните консолидирани финансиски извештаи на групата ЕВРОПА за деловната 2023 година изработени од страна на овластено друштво за ревизија ПЕЦЕВ РЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје.

[прилог: Извештај]

4. Предлог Одлука за избор на членови на одбор на директори.

5.Разгледување и усвојување на Годишната сметка на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2023 година.

[прилог: Извештај]

6.Разгледување и усвојување на  Консолидирана годишна сметка  и консолидиран извештај за групата ЕВРОПА за деловната 2023 година.

[прилог: Консолидирана годишна сметка]

[прилог: Извештај]

7. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на АД ЕВРОПА Скопје во периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година.

[прилог: Извештај]

8. Предлог Одлука за распределба-употреба на добивката.

9Предлог Одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда.

10Разгледување и одобрување на извештајот поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори за резултатите од контролата на работењето на друштвото во 2023 година.

[прилог: Извештај]

11. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Одборот на директори во 2023 година.

12Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија во периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година.

[прилог: Извештај]

13. Предлог Одлука за назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2024 година.

14. Предлог Одлука за одобрување на голема зделка со заинтересирана страна .

[прилог: Известување до Собрание на акционери]

[прилог: Извештај БЕНД ревизија и консалтинг ]

 

 

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8  Скопје.

 

Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.

Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното. 

Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

Акционерите можат да гласаат по точките од дневен ред и предложените одлуки по материјалите објавени заедно со повикот, со пополнување на образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет страна на друштвото  evropa.com.mk.

Уредно пополнетиот образец за гласање со коресподенција, акционерот треба да го достави во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице.

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер физичко лице е потребно да достави и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа).

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.

Образецот во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „За Собрание на акционери“ мора да бидат примени во седиштето на друштвото АД ЕВРОПА Скопје на ул.808 број 8, 1000 Скопје најдоцна до 06 мај до 12 часот.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Oдборот на директори на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата на Собранието на друштвото.Одговорите на поставените прашања на седницата на Собранието, друштвото ќе ги објави на својата интернет страна согласно закон.

Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во просториите на седиштето на друштвото од 12 до 14 чaсот како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk

 

Документи

1.Вкупен број на акции

2.Вклучување на нови точки во дневниот ред

3.Гласање со кореспонденција

4.Пријава за учество на собрание 2024

5. Полномошно од физички лица кога полномошникот гласа по сопствено убедување

6. Полномошно од правно лице кога полномошникот гласа по сопствено убедување

7.Полномошно со инструкции за  гласање  физички лица

8.Полномошно со инструкции за гласање   за правни лица

9.Известување за дадено полномошно

10.Образец за гласање со коресподенција за физички лица

11.Образец за гласање со коресподенција за правни лица

Изјава согласно Закон за заштита на лични податоци

  Одбор на директори на

      АД ЕВРОПА Скопје