АД „Европа“ Скопје, домаќин на делегација од Владата

На 22.06.2023 година АД „Европа“ Скопје беше домаќин на делегацијата од кабинетот на премиерот г-н Димитар Ковачевски и вице премиерот г-н Фатмир Битиќи. Целта на посетата беа компаниите кои добија финансиската поддршка на владата за инвестиции на домашниот и странски пазари. Нашата компанија во овој тежок период, особено во последните 4 години, со финансиската поддршка од државата успешно оствари нови инвестиции и успеа да го одржи бизнисот во време на глобалната економска криза.

Во обраќањата пред новинарите се истакна дека е гордост да се види напредокот на АД „Европа“ Скопје низ годините, како најдобар домашен, европски и светски бренд за производство на чоколади, вафли и бонбони, со извоз во 26 земји на различни континенти и зајакнување на конкурентноста на пазарот преку константен развој на нови производи.

Развојот на компанијата покажува дека само со јасна идеја, визија, план, стручни работници, добар менаџмент и посветеност, работењето секогаш дава одлични резултати. Тоа го потврдуваме со успешно развивање на современи технологии на производство истовремено следејќи ги најновите трендови во кондиторската индустрија.

Генералната директорка на нашата компанија, г-ѓата Марика Караџова истакна дека АД „Европа“ Скопје ги надминува предизвиците, по принципот да се инвестира, наместо да се штеди, што го практикуваме во изминатите неколку години инвестирајќи во нови производни линии и автоматизација на процесите, инвестирање во обновливи извори на енергија и слично.

Како компанија сме горди бидејќи ги задржавме сите наши купувачи, а уште повеќе охрабрува веста дека оваа година започнавме соработка со три нови купувачи од странство,  што е доказ дека се движиме во правилна насока.”

Од кризата научивме многу работи бидејќи не направи посилни, а нашата визија останува да продолжиме да создавме слатки спомени за нашите ценети купувачи ширум светот, споделувајќи љубов, позитивност и предизвикувајќи насмевки на нивните лица.