АД ЕВРОПА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ПО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО

АД Европа како една од најстарите фабрики за кондиторски производи на Балканот со големо задоволство ја прифати иницијативата за креирање на што подобри услови за своите вработени со што се овозможуваат дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство. Вработените во АД Европа кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во наредните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца) добиваат право за работење со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа им се исплаќа целосен личен доход и ги уживаат сите други привилегии од работниот однос заснован на полно работно време.

 

Фабрика Европа постои од далечната 1882 година и претставува една голема фамилија со околу 400 вработени од кои над 300 се жени на различна годишна возраст. Компанијата низ историјата е градена врз интегритет и доверба а нејзините успеси се испишани во импресивните 137 години успешно задоволување на барањата на своите купувачи и изнудување на искрени насмевки по само една коцка од највкусната чоколада. 

Ова е само една од новините кои новиот менаџерски тим успешно ги имплементира во АД Европа и со тоа го најавува модернизирањето на компанијата. Изминатата година билансот на успех забележа значителен раст а тоа е одлика на работењето на целиот тим и заслуга на посветеноста на сите вработени во фабриката. 

 

Министерството за труд и социјална политика за поддршка на оваа иницијатива додели признание на компанијата за унапредување на еднаквите можности за жените и мажите и поддршка во усогласувањето на професионалните и приватните обврски.

 

Признание

 

 

п2