За нас


AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Веројатно доволно е да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаете дека станува збор за “Европа“.

“Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 130 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тона годишно и продажба на странски и домашен пазар.

“Европа“ своите почетоци ги започнува како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика од тогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите, доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.

“Европа“ е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и современите трендови во кондиторската индустрија, што е повод за ребрендирање на голем број производи и поттик за развој на нови. Elite темните и бели чоколади, Integralissimo интегралните бисквити, Euka Mentol и Ice бонбоните се само дел од изненадувањата кои “Европа“ континуирано ги подготвува за своите верни потрошувачи. Постојано се работи на нови грамажи на производите и редизајн на веќе постоечките амбалажи.

“Европа” не застанува ниту за миг. Во последно време сме насочени кон вложување во модерни машини за производство и пакување со цел пратење на трендовите во пакувањата на производите на европскиот пазар.

Доказ за стабилноста на нашата компанија е и тоа што во услови на глобална економска криза која го потресе светот во изминатиот период, сѐ уште е присутна во Еврозоната, остваривме позитивни финансиски резултати.

Ние ја одбравме довербата на нашите потрошувачи уште многу одамна, па наша цел и задоволство е тоа никогаш да не се промени.

Споделете љубов и подарете Европа.

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања.

Наздравје!

Европа – Фабрика за задоволства