Производи


Успехот и неговите состојки

Изберете наш производ и започнете прошетка низ вкусовите. Потсетете се на вкусот од детството, подарете и споделете љубов или само замижите и патувајте чувствувајќи го сето она што го чини вкусот на “Европа” беспрекорен.

Кои се производите на “Европа”?

Чоколади, желе, бонбони, вафли... Препознатливи вкусови кои сите ги обожуваат, а зад кои што гордо се потпишуваме ние. Основна дејност на “Европа” е производство на кондиторски производи со широк асортиман кои се одликуваат со одличен квалитет и препознатливост на производите на пазарот.

А сега, мала прошетка низ фабриката. Производството на “Европа” се одвива во три сектори:

Сектор за какао производи, десерти и локум

Видови на производи кои се произведуваат во овој сектор се: таблирани млечни чоколади, полнети чоколади, чоколади со додатоци, какао крем производи, чоколадни лиени десерти, бонбониери, крем банани во различни пакувања, мини крем банани, пралине десерти во различни пакувања, штангли, гумени и желе бонбони како и локум со и без додатоци.

Сектор за бонбонски производи

Филовани бонбони со разни ароми, тврди бонбони, млечна карамела, лешник, кокос, овошни карамели, бастуми со разни ароми, мини бастуми и желе, се производите кои се произведуваат во овој сектор.

Сектор за брашнено кондиторски производи

Во овој сектор се произведуваат: Вафел производи со млечен и какао крем, крем од лешници, кафе крем, вафли со овошен вкус, чоколадирани вафли и колачи, ролери како и бисквити и интегрални бисквити.