Општествена одговорност


Вкусни, општествено одговорни и енергетски ефикасни

“Европа” е компанија ориентирана кон вредности и затоа сметаме дека наша должност е да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме. Со цел да придонесеме кон одржливоста на општествениот развој, активно соработуваме со нашите вработени, локалната заедница и општеството воопшто поради овозможување на што поквалитетен живот за сите.

Односи со вработените

“Европа“ континуирано вложува во професионалниот развој и обука на своите вработени, овозможувајќи им стекнување на нови и надоградување на веќе стекнатите знаења. Во рамките на фабриката функционира сопствен тренинг центар во кој се организираат како интерни (обуки за воведување на вработените во работниот процес, обуки поврзани со организациската култура и кодекс на деловна етика) така и екстерни обуки спроведени од страна на овластени консултантски куќи.

Етичко управување

Етиката претставува врвен приоритет во нашата компанија. При имплементирање на деловните активности “Европа“ се залага за инкорпорирање на принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, почитување на интересите на сите засегнати страни како и почитување на законите и на правилниците при донесување и спроведување на одлуките.

Вложување во заедницата

Како општествено одговорна компанија, “Европа” секогаш се труди да одговори на разни барања за хуманитарни акции и спонзорства, за што има и добиено голем број на признаниjа и благодарници. Со тоа и останува верна на имиџот кој го гради како компанија која верува во моралните вредности и се труди да ги поттикне согласно своите можности.

Фокусирани кон нашите потрошувачи и нивната безбедност, и негувајќи ги квалитетот и контролата успешно ги имплементиравме и сертифициравме системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), кој ги интегрира системот за управување со квалитетот HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) и стандардот ISO 9001:2008, како и IFS (International Featured Standard - Food) стандардот за контрола и безбедност на брендираните прехранбени производи.

“Европа” исто поддржува и стипендира студенти – таленти од Технолошкиот факултет, a активно учествува и во проектот “Twining” за модернизација на образованието, односно учествува во изработка на наставни програми за средно образование од насоката “Продавач“.

Животна средина

Европа” не само што обезбедува производи безбедни за своите потрошувачи, исто така во своето работење се залага и за заштита на животната средина.

Нашите напори се насочени кон реализација на програми за зголемување на ефикасноста. Во прилог на тоа во 2013 година е започнат проектот за “Енергетска ефикасност“ со чие реализирање значително ги намаливме трошоците за енергија и активно придонесуваме кон заштита на животната средина.

Со цел минимизирање на негативното влијание врз животната средина и одговорниот однос кон амбалажниот отпад, “Европа“ користи еколошка амбалажа која се рециклира, а со нашиот отпад од пакување менаџира компанија која поседува дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи.

Односи на пазарот

“Европа“ негува долгорочни и стабилни односи со своите акционери, добавувачи, соработници и организации, придружувајќи се кон стандардите на корпоративната општествена одговорност, со цел остварување на позитивни резултати.