НОВОСТИ

QUDAL – QUality meDAL - Категорија “Вафли“

2018-07-17 //

 

Нашата компанија освои најголем број гласови, златен медал, во категоријата - “Вафли“ во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019 спроведено во Република Македонија во април, 2018 година.

Дигиталниот сертификат за ова признание можете да го погледнете на следниoт линк.

 

Истото признание за највисок квалитет ни беше доделено и во 2016 година во две категории Бонбонии “Вафли“.

Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL ( www.qudal.com), кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот. 

Швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com) во април 2018 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General III Macedonia 2018/2019 преку интернет-анкета.