НОВОСТИ

Повик за собрание на акционери 2018

2018-03-30 //

Врз основа на член 27 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 383, 384, 387 и 388 од Законот за трговските друштва, Одборот на директори на АД ЕВРОПА Скопје  објавува

П О В И К

до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.Собранието ќе се одржи на  30 април 2018 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.

 

За Годишното Собрание на акционери на друштвото се предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

 

l Процедурален дел:

1. Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери.

2. Избор на Претседавач на Собранието

3. Избор на записничар (записникот ќе го води нотар)

4. Усвојување на Дневен ред.

 

ll Работен дел:

5. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 29.5.2017 година.

[прилог: Записник]

6. Разгледување и усвојување на Извештајот за економско и финансиската ревизија на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2017 година изготвен од страна на ревизорската куќа Б и Љ.

[прилог: Извештај]

7. Разгледување и усвојување на Консолидирани финансиски извештаи на групата ЕВРОПА за деловната 2017 година ревидирани од страна на ревизорска куќа Б и Љ.

[прилог: Извештај]

8. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2017 година.

[прилог: Годишна сметка]

9. Разгледување и усвојување на  Консолидирана годишна сметка за групата ЕВРОПА за деловната 2017 година.

[прилог: Консолидирана годишна сметка]

10. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на АД ЕВРОПА Скопје во периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година.

[прилог: Извештај]

11. Предлог Одлука за распределба-употреба на добивката.

12.  Предлог Одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда.

13. Разгледување и одобрување на извештајот поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори за резултатите од контролата на работењето на друштвото во 2017 година.

[прилог: Извештај]

14. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Одборот на директори во 2017 година.

15. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија во периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година.

[прилог: Извештај]

16.   Назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2018 година.

17. Предлог одлука за измена на Статутот на друштвото ;

 

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8  Скопје.

Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.

Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното. 

Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Управниот одбор на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.

Акционерите можат да поставуваат прашања до друштвото з0а точките од дневниот ред во рок од 8 дена од денот на објавувањето.

Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во просториите на седиштето на друштвото од 9 до 15ч. како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk

 

Документи
Пријава за учество во Собрание
Вклучување на нови точку во дневниот ред
Полномошно за гласање по сопствена определба
Известување за дадено полномошно
Вкупен број на акции во АД ЕВРОПА Скопје

 

  Одбор на директори на

      АД ЕВРОПА Скопје