НОВОСТИ

Фото конкурс

2017-10-02 //

Фабриката за задоволства ги отвора вратите!

Сакате билет за влез во нашата #ФабрикаЗаЗадоволства? Учествувајте во конкурсот!

Што треба да направите?

Обојте едно од малите слатки чудовишта од новите МИНИ млечни чоколатца за деца по ваш избор, сликајте го и испратете го на vleznica@evropa.com.mk заедно со вашето име, името на родителот и училиштето најдоцна до 31.10.2017.

 

 

Најдобрите 5 обоени цртежи (+ едно цело одделение) ќе добијат билет за влез во најстарата фабрика за кондиторски производи на Балканот, „Европа“. А таму, ќе видите како се произведуваат најубавите чоколади, оригиналните крем банани, најшарените бонбони, највкусните карамели и незаборавните вафли.

И на крајот, сите победници ќе добијат полни кеси производи!
- Бројот на испратени цртежи е неограничен.
- Може да учествувате сами или групно цели одделенија (до петто одделение).