НОВОСТИ

Меѓународен сертификат - PREMIUM STUBRAND 2017

2017-07-13 //

                             Меѓународен сертификат - PREMIUM STUBRAND 2017

                                    

АД Европа е избрана од страна на студентите како една од компаниите со најпозитивен имиџ. Во третото по ред официјално меѓународно истражување на STUBRAND во Република Македонија, со кое се мери имиџот на брендовите кај студентската популација, нашата компанија ужива позитивен имиџ од 92% од испитаниците во категоријата „Десерти/Компании“ и со тоа го освои најпрестижниот меѓународен сертификат - PREMIUM STUBRAND 2017 директно доделен од студентите.

 

 

Во последниот период вложивме големи напори кон продлабочувањето на врската со нашите потрошувачи, особено со помладата популација.

Ова престижно признание особено не израдува бидејќи истото претставува потврда дека нашата клучна цел - зголемување на бренд свесноста за Европа кај помладите генерации, како најискрената и најважната таргет група консументи покажува резултати.
Целта на спроведеното истражување беше да се измери имиџот, или степенот на свесност (познатост) и наклонетост (преференци) кон брендовите, од што зависи и степенот на задоволство, доверба и лојалност на студентите (на возраст од 18-27 години),  кон нив, изразена преку намерите за повторни купувања и позитивни усни препораки.