НОВОСТИ

Повик за собрание на акционери 2017

2017-04-27 //

Врз основа на член 33 и 34 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 383, 384, 387 и 388 од Законот за трговските друштва, Управниот одбор на АД ЕВРОПА Скопје  објавува

П О В И К

до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје. Собранието ќе се одржи на  29 мај 2017 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.

 

l Процедурален дел:

1.Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери.

2. Избор на Претседавач на Собранието.

3. Избор на записничар (записникот ќе го води нотар).

4. Усвојување на Дневен ред.

 

ll Работен дел:

5. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 26.5.2016 година.
[прилог: Записник]

6. Разгледување и усвојување на Извештајот за економско и финансиската ревизија на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2016 година изготвен од страна на ревизорската куќа Б и Љ, со мислење на Надзорниот одбор на друштвото.
[прилог: Извештај, Мислење]

7. Разгледување и усвојување на Консолидирани финансиски извештаи на групата ЕВРОПА за деловната 2016 година ревидирани од страна на ревизорска куќа Б и Љ.
[прилог: Извештај]

8. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2016 година.
[прилог: Годишна сметка]

9. Разгледување и усвојување на  Консолидирана годишна сметка за групата ЕВРОПА за деловната 2016 година.
[прилог: Консолидирана годишна сметка ]

10. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на АД ЕВРОПА Скопје во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година.
[прилог: Извештај]

11. Предлог Одлука за распределба-употреба на добивката.

12. Предлог Одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда.

13. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Надзорниот одбор.
[прилог: Извештај]

14. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Управниот одбор.
[прилог: Извештај]

15. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година.
[прилог: Извештај]

16. Назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2017 година.

17. Предлог одлука за измена на Статутот на друштвото.

18. Предлог одлука за престанок на мандатот на членовите на НО поради промена на системот на управување.

19. Предлог одлука за избор на членови на Одбор на директори.

20. Предлог одлука за определување на награда за работа на неизвршните членови на Одбор на директори.

 

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8 Скопје.

Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма. 

Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.  

Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД. 

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Управниот одбор на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.

Акционерите можат да поставуваат прашања до друштвото за точките од дневниот ред во рок од 8 дена од денот на објавувањето.

Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во седиштето на друштвото како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk

 

Документи

Пријава за учество во Собрание
Вклучување на нови точки во дневниот ред
Полномошно за гласање по сопствена определба
Известување за дадено полномошно
Вкупен број на акции во АД ЕВРОПА Скопје
Резултати од гласање на Собрание на акционери 29 мај 2017 година

Управен одбор на АД ЕВРОПА Скопје