НОВОСТИ

QUDAL – QUality meDAL - Вафли

2016-08-16 //

Нашата компанија го освои првото место,  QUDAL  златен медал,  во уште една категорија од својот асортиман на производи - “Вафли“, во истражувањето спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS.

Во текот на месец јуни 2016 беше спроведено третoто по ред истражување за квалитет помеѓу општата популација (примерок од 1.200 потрошувачи) во Република Македонија -  QUDAL – QUality meDAL Macedonia General III 2016/2017 во која беа вклучени дополнителни категории на производи и услуги од различни економски сектори.

Во минатиот период го освоивме истиот златен медал QUDAL и истото признание за квалитет и во категоријата Бонбони“.

Дигиталниот сертификат за ова признание може да се погледне на следниoт линк.


Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL, кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.
Швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com) во јуни2016 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General III Macedonia 2016/2017 преку интернет-анкета.