НОВОСТИ

QUDAL – QUality meDAL - Бонбони

2016-05-26 //

АД Европа Скопје освои најголем број гласови во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General I 2016/2017 спроведено во Република Македонија во март, 2016 година.

Го освоивме првото место за квалитет во категоријата “Бонбони“, а дигиталниот сертификат за ова признание може да се погледне на следниoт линк.

Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL, кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.
Швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com) во март 2016 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General I Macedonia 2016/2017 преку интернет-анкета.