НОВОСТИ

ISM – International Sweets and Biscuits Fair 2016

2016-03-03 //

АД Европа Скопје и оваа година беше присутна на меѓународниот саем за кондиторски производи (ISM – International Sweets and Biscuits Fair) кој се одржа во Келн, Германија во периодот од 31 јануари до 03 февруари 2016.

ISM, најголемиот светски саем за слатки и грицки и оваа година привлече многу посетители. Околу 38.500 трговски посетители беа дел од најголемата и најважната светска бизнис и комуникациска платформа во индустријата за слатки и грицки, а гостите дојдоа од вкупно 146 земји. На саемот учествуваа купувачи од водечките трговски компании и присуствуваа посетители од Северна Америка, земјите од Централна Европа, Азија, африканскиот континент и земјите од Блискиот Исток.

АД Европа Скопје повеќе од 30 години учествува на овој саем, а оваа година беше присутна со штанд од 20м² каде се претстави со својот широк асортиман на производи.

Саемот е замислен како интернационална платформа наменета за снабдувачи и купувачи од кондиторската индустрија. Најголемо внимание и најголем интерес посетителите покажаа за нашите вафли и крем банани. ISM претставува форум за воспоставување на деловни врски и можност за запознавање на нови потенцијални партнери, а тое е всушност она што го прави овој саем толку успешен.

И оваа година, излагачите ги импресионираа посетителите со нови производи, нови технологии и паметни маркетинг концепти на сите нивоа на ISM.