НОВОСТИ

Најслатко отворање на продавницата на Европа во Skopje City Mall!

2015-09-03 //

Со гордост на нашите верни потрошувачи и љубители на нашите производи им ја претставуваме новоотворената, единаеста по ред, специјализрана продавница на “Европа“ во трговскиот центар Skopje City Mall. Вашите омилени производи крем банани, рум штангли, чоколади, десерти, вафли и најразлични вкусови на карамели и бонбони отсега ќе бидат достапни на уште една локација поблиску до вас.

На 5 септември, ве покануваме на најслаткото отворање на нашата нова продавница, во Skopje City Mall, која е лоцирана во катчето за храна на вториот кат. Дојдете да се дружиме и заедно да ги дегустираме највкусните слатки задоволства, кои за вас ги подготвија мајсторите од нашата #ФабрикаЗаЗадоволства. Се гледаме во сабота!