НОВОСТИ

Истражи ја слатката страна на животот

2015-06-09 //

Во текот на месец Мај беше реализирана кампањата “Истражи ја слатката страна на животот” посветена на нашите Facebook фанови.

 

Натпреварот се одвиваше во 4 етапи во времетраење од по 1 недела, каде за најдобрите беа доделени вкупно околу 100 слатки пакети подароци.

На најуспешните  учесници им овозможивме да „ѕирнат“ во Фабриката за задоволства, давајќи им ексклузивен преглед во процесот на производство на слатките производи преку специјално продуцираните видеа.

Уште еднаш им честитаме на сите добитници, а на другите им посакуваме повеќе успех наредниот пат!