НОВОСТИ

Повик за собрание на акционери 2015

2015-05-07 //



Врз основа на член 35 и 40 од Статутот на Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА Скопје, a во врска со членовите 383, 384 и 387 од Законот за трговските друштва, Управниот одбор на АД ЕВРОПА Скопје  објавува

 

П О В И К

до акционерите за учество на Собрание на акционери на АД ЕВРОПА Скопје.

Собранието ќе се одржи на  28 мај 2015 година (четврток) со почеток во 12 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.808 број 8 во Скопје.

 

За Годишното Собрание на акционери на друштвото се предлага следниот

 

ДНЕВЕН РЕД

 

 

l Процедурален дел:
 

1. Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери
 

2. Избор на Претседавач на Собранието
 

3Избор на записничар и двајца бројачи на гласови (Согласно чл. 383 ст. 3 од ЗТД записникот ќе го води нотар)
 

4. Усвојување на Дневен ред

 

ll Работен дел:
 

5. Усвојување на Записникот од Собранието на акционери на друштвото одржано на ден 25.4.2014 година 
[прилогЗаписник од Собрание 25.04.2014 - PDF]

 

6. Разгледување и усвојување на Извештајот за економско и финансиската ревизија на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2014 година изготвен од страна на ревизорската куќа Б и Љ 
[прилог: Извештај од Финансиска ревизија за 2014 - PDF]

 

7. Разгледување и усвојување на Консолидирани финансиски извештаи на групата ЕВРОПА за деловната 2014 година ревидирани од страна на ревизорска куќа Б и Љ 
[прилог: Консолидирани финансиски извештаи за 2014 - PDF]

 

8. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на АД ЕВРОПА Скопје за деловната 2014 година 
[прилог: Годишна сметка на АД ЕВРОПА Скопје за 2014 - PDF]

 

9. Разгледување и усвојување на  Консолидирана годишна сметка за групата ЕВРОПА за деловната 2014 година 
[прилог: Консолидирана годишна сметка на групата ЕВРОПА за 2014 - PDF]

 

10. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на АД ЕВРОПА Скопје во периодот од 01.01.2014 година до 31.12.2014 година 
[прилог: Извештај од работењето на АД ЕВРОПА во 2014 - PDF]

 

11. Предлог Одлука за распределба-употреба на добивката

 

12.  Предлог Одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда

 

13. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Надзорниот одбор 
[прилог: Извештај од работењето на Надзорниот одбор во 2014 - PDF]

 

14. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Управниот одбор 
[прилог: Извештај од работењето на Извршниот одбор во 2014 - PDF]

 

15. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Службата за внатрешна ревизија во периодот од 01.01.2014 година до 31.12.2014 година 
[прилог: Извештај од работењето на Службата за внатрешна ревизија во 2014 - PDF]

 

16. Назначување на ревизорско друштво за ревизија на работењето на друштвото за 2015 година

 

17. Предлог Одлука за измена на Статутот на АД ЕВРОПА Скопје

 

18.  Донесување на одлука за избор на тројца членови на Надзорен одбор

 

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. „808“ бр. 8  Скопје.

Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.

Акционерот треба во писмена форма веднаш да го извести друштвото за секое дадено полномошно. Акционер кој нема да го извести друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното. 

Полномошникот може да гласа по сопствена определба но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и ЗТД. Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин определен со Статутот и ЗТД.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Управниот одбор на друштвото, со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик.

Акционерите можат да поставуваат прашања до друштвото за точките од дневниот ред во рок од 8 дена од денот на објавувањето.

Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во седиштето на друштвото како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk

 

Управен одбор на
АД ЕВРОПА Скопје

 

Документи
Пријава за учество во Собрание
Вклучување на нови точку во дневниот ред
Полномошно за гласање по сопствена определба
Известување за дадено полномошно
Вкупен број на акции во АД ЕВРОПА Скопје
Предлог на кандидати за членови на НО
Конфликт на интереси
Резултати од гласање на Собрание на акционери одржано на 28.05.2015