НОВОСТИ

ISM – International Sweets and Biscuits Fair

2014-01-29 //




АД Европа беше присутна со свој изложбен штанд на најголемиот саем за кондиторската индустрија во Келн, Германија.


Меѓународниот саем за кондиторски производи (ISM – International Sweets and Biscuits Fair) се одржа во Келн, Германија од 26. до 29. јануари 2014. ISM претставува форум за воспоставување на деловни врски и можност за запознавање на нови потенцијални партнери, а тое е всушност она што го прави овој саем толку успешен. Саемот е замислен како интернационална платформа наменета за снабдувачи и купувачи од кондиторската индустрија.


Оваа година, 1.476 изложувачи од 68 земји учествуваа на овој најголем и најважен светски саем за слатки и грицки. Широкиот спектар на производи - од чоколадо и слатки од сите видови до колачи и печива - беше презентиран од страна на лидерите на пазарот, како и од малите и средни компании. Водечките изложувачки нации беа Италија, Белгија, Франција, Шпанија, Холандија, Велика Британија и Швајцарија со дополнително клучни учества од Бразил, Кина, Полска, Турција и САД.


Важни трговски асоцијации и водечки увозници од целиот свет присуствуваа на ISM, како и купувачи од трговијата на мало, а изложбените сали ги посетија повеќе од 35.000 трговски посетители од околу 140 земји.