Мисија


“Европа“ има за цел да ги заслади луѓето од сите возрасти со своите кондиторски производи и да им подари мигови исполнети со среќа и радост. Квалитетот на производите е константно на високо ниво и е вграден во секој наш производ. За да се обезбеди успехот на компанијата на долг рок, мора да се обезбеди континуирана ревизија на целиот асортиман на производи како би одговориле на потребите на потрошувачите. Работењето на “Европа“ е фокусирано на потрошувачите и нивните желби. Изградувањето на организациска култура обезбедува беспрекорно работење.



Визија


Нашата визија е “Европа“ да биде доминантен производител на кондиторски производи на домашниот пазар и препознатлив бренд на Балканот.



Вредности


“Европа“ константно се ориентира на следните вредности:


  • Интегритет: Покажуваме почит кон нашите купувачи, партнери и добавувачи со тоа што сме отворени и искрени во сите полиња на работењето.
  • Доверба: Континуираниот квалитет на суровините, процесот на производство и крајниот производ, ја градат нашата формула дека зад секој задоволен купувач, стои задоволен вработен. “Европа“ никогаш не ги изневерува оние кои и ја подариле довербата.
  • Гордост: Ние сме горди поради успешното функционирање на фабриката низ сите овие години. Во својата долгогодишна традиција секогаш имаме континуирано подобрување на производите, што не прави успешни на пазарот.
  • Посветеност: Ги извршуваме слатките работни задачи со елан и ентузијазам.
  • Тим: Беспрекорната тимска работа секогаш раѓа нови идеи, големи чекори и резултати кои не прават постојано горди. Секој член од тимот на “Европа” е ценет подеднакво, a поради ефикасната соработка која постои меѓу секторите се охрабрува сечиј успех, развој и цел.
  • Одржливост: Одржливоста се состои во заштита на животната околина. “Европа“ зад себе, има веќе неколку успешно завршени проекти, како на пример, реализација на проектот за енергетски ефикасна опрема.