Почетна / Квалитет

КВАЛИТЕТ

Безбедно и квалитетно уживање во вкусот


Работењето на “Европа” е фокусирано кон нашите потрошувачи и нивните желби, а за да ги отствариме секогаш ги негуваме квалитетот, безбедноста и контролата.

Во последните 10 години “Европа” покрај вложувањата во инфраструктурата направи големи вложувања и напори за имплементирање на светските стандарди кои гарантираат безбеден и квалитетен производ.

Уште во 2003 - та година, како една од првите компании во Македонија, “Европа” започна со имплементација на HACCP стандардот, а потврда за успешната имплементација е сертификацијата која се случи 2004 та година. Од тогаш, па сè до сега се редат уште многу успеси кои се показател за континуираното подобрување на компанијата.

2009 година е дефинитивно година на квалитетот. Тогаш е сертифициран и имплементиран системот ISO 22000:2005 (Food Safety Management System), кој ги интегрира системот за управување со квалитетот HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point), предусловните програми за контрола и намалување на сите опасности по безбедноста на храната на прифатливо ниво и стандардот ISO 9001:2008.

Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа SGS, Швајцарија на 2 јуни 2009 година. Од тогаш па до сега извршени се уште три годишни контроли и една ресертификација во 2012 година од страна на акредитираната сертификацискa куќа TUV Австрија, што е уште еден показател за континуираното подобрување.

Со воведувањето на системот ISO 22000:2005 во “ЕВРОПА” се овозможи производство на безбедни кондиторски производи, постојано одржување на санитарно - хигиенска заштита на производите, континуирана едукација на вработените, вложување во знаење, нова технологија и развој и следење на светските трендови во кондиторската индустрија. Системот придава големо значење на водење на следливоста од набавка на суровините сè до крајниот потрошувач.

Но, нашето подобрување не заврши тука. Како и во претходните два случаи при имплементација на HACCP и ISO 22000:2005 стандардот, така и сега, ние сме една од првите прехранбени индустрии во Македонија кои извршија имплементација и сертификација на IFS (International Featured Standard - Food) стандардот во 2013-та година.

IFS стандардот претставува приватен стандард за контрола и безбедност на брендираните прехранбени производи, со крајна цел да овозможи проценка на системот за квалитет и безбедност на храна на добавувачите на сите членки на германското здружение на трговци и сите останати трговци кои имаат потреба од овој стандард.

Сето ова го работевме, го работиме и ќе го работиме за Вас почитувани потрошувачи, за да уживате во квалитетни, вкусни и безбедни производи од нашата компанија.

Со почит, 

Сектор за контрола на квалитет.